Почеток МАКЕДОНИЈА Гаши – Цамај: Продлабочување на парламентарната соработката меѓу Северна Македонија и Црна Гора

Гаши – Цамај: Продлабочување на парламентарната соработката меѓу Северна Македонија и Црна Гора

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши,  денеска во Рига, оствари средба со потпретседателот на Парламентот на Црна Гора, Никола Цамај.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, се дискутирало за соработката меѓу двата Парламента, вклучувајќи размена на практики и посети на службата, како и можностите за продлабочување на соработка во иднина.

Гаши и Цамај размениле мислења за процесот на интеграција во Европската Унија на Северна Македонија и Црна Гора, нагласувајќи ја улогата на парламентите во процесот на усогласување на законодавството со европското.

На крајот од средбата, Цамај изразил подготвеност да го посети Собранието на Северна Македонија во блиска иднина.

The post Гаши – Цамај: Продлабочување на парламентарната соработката меѓу Северна Македонија и Црна Гора appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro