Почеток МАКЕДОНИЈАГЕОРГИЕВСКИ: Во општина Илинден изградивме ново училиште за над 450 ученици, а во градинките отворивме над 150 нови места

ГЕОРГИЕВСКИ: Во општина Илинден изградивме ново училиште за над 450 ученици, а во градинките отворивме над 150 нови места

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски на денешниот настан саем-Отчет под мотото 4 години работиме за тебе се осврна на состојбата во општината или што се се правело во изминатите четири години.

Георгиевски укажа дека Илинден е општина препознатлива по економските зони, а според едно истражување од неодамна по глава на жител најбогата или како што рече Илинден е центарот на индустријата.

Георгиевски укажа дека многу инвестираме и во подобар живот на граѓаните.

„Ќе ја потенцирам комуналната инфраструктура која е многу важна. Само во делот на улици и патишта се изградени и реконструирани над 230 патишта. Во делот на фекалната канализација и управување со животна средина направивме над 23 километри фекална канализација, над 8 километри водоводни линии.  Во делот на улично осветување направивме 18 километри нови линии на улично осветлување“, информираше Георгиевски.

Георгиевски се осврна и на инвестициите или вложувањето за најмладите жители на општина Илинден.

„Во делот на образованието и детската заштита изградивме ново училиште со капацитет над 450 ученици,  а кога станува збор за детските градинки го зголемивме опфатот за уписи на над 150 нови места“, кажа Георгиевски.

Можно е и ова да ти се допаѓа