Почеток МАКЕДОНИЈА ГЕРАСИМОВСКИ ЗА KОЛЕГАТА ОД СТРУМИЦА: Избрзана е одлуката на градоначалникот Костадин Костадинов за напуштање на ЗЕЛС

ГЕРАСИМОВСКИ ЗА KОЛЕГАТА ОД СТРУМИЦА: Избрзана е одлуката на градоначалникот Костадин Костадинов за напуштање на ЗЕЛС

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 говореше за актуелните теми кои деновиве постојано ја брануваат јавноста, а во една прилика се обрати и за работата и начинот функционирање на Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Како што истакна тој, иако е свесен за можните притисиоци и политички влијанија, сепак, потенцираше дека одлуката на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, за напуштање на ЗЕЛС е избразана.

-Верувам дека работата на градоначалникот е отежната, можеби има и политички влијанија и притисоци, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана. Проблемот со питката вода за пиење во Струмица е евидентен и сигурен сум за притисокот кој се чувствува од граѓаните, но сметам дека пред да се донесе конечна одлука претходно е неопходна координација, состанок и решавање на проблемите на маса, рече Герасимовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro