Почеток СВЕТ Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Специјалните единици и истражителите на германската федерална криминалистичка полиција спречија можен терористички напад врз израелската амбасада во Берлин, јавија германските медиуми.

Тешко вооружени припадници на специјалните сили на полицијата упаднаа во куќа во Бернау во Бранденбург и претресоа стан во катна зграда во Свети Августин во провинцијата Северна Рајна Вестфалија, пишува весникот „Билд“.

„Беше спроведена полициска акција во Бернау кај Берлин и во Сент Аугустин кај Бон. Во Бернау беше уапсен еден осомничен за членство во странска терористичка организација. Во Свети Августин беа испрашани сведоци и обезбедени можни докази“ изјави Мајкл Рамелер, портпарол на надлежното федерално обвинителство.

Текстот Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro