Почеток „Ги завршивме симулациите, победува Камала Харис“, вели изборен аналитичар

„Ги завршивме симулациите, победува Камала Харис“, вели изборен аналитичар

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Реномираниот изборен аналитичар и прогнозатор Нејт Силвер ја објави својата конечна изборна прогноза. Според неговите симулации, Камала Харис ќе победи на изборите во САД пред Доналд Трамп. Но, резултатот е толку тесен што поблиску не може да биде.

„Харис освои 40.012 од 80.000, или 50.015% од симулациите“, напиша Силвер на Твитер.

Нејт Силвер е американски статистичар, аналитичар и новинар познат по неговата способност точно да предвидува политички избори и спортски настани. Затоа некои го нарекуваат „гуру на прогнозирањето“.

Тој е основач и главен уредник на FiveThirtyEight, веб-страница која комбинира анализа на податоци со новинарство за да ги предвиди трендовите и исходите во политиката, економијата и спортот.

Тој стана широко познат кога точно ги предвиде резултатите од претседателските избори во САД во 2008 и 2012 година користејќи софистицирани статистички модели.

Текстот „Ги завршивме симулациите, победува Камала Харис“, вели изборен аналитичар е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro