Почеток Црна Хроника Ги слушнал како планираат да му фрлат бомба дома, полицијата ги фати со оружјето

Ги слушнал како планираат да му фрлат бомба дома, полицијата ги фати со оружјето

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Ноќва во 03.20 часот во с.Доброште, тетовско, полицискислужбеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Г.Ц.(52) од с.Мала Речица, тетовско, кој бил пријавен од лице од
тетовско дека го слушнал како пред неговата куќа разговара со друго лице и се договараат да му постават експлозивна направа кај неговата куќа.
Како што соопшти СВР Тетово, околу 10.15 часот покрај локалниот пат во близина на куќата на
пријавителот, полициски службеници пронашле две неексплодирани рачни бомби, кои биле безбедно подигнати.
Г.Ц. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува
соодветен поднесок.

The post Ги слушнал како планираат да му фрлат бомба дома, полицијата ги фати со оружјето appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro