Почеток Црна ХроникаГИ УДРИЛ СО АВТОМОБИЛ И ИЗБЕГАЛ: 12 И 13-годишно девојче завршија со тешки телесни повреди – управувале електричен тротинет на ул.„Васил Ѓорѓов“

ГИ УДРИЛ СО АВТОМОБИЛ И ИЗБЕГАЛ: 12 И 13-годишно девојче завршија со тешки телесни повреди – управувале електричен тротинет на ул.„Васил Ѓорѓов“

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, a распишана е телеграма и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

The post ГИ УДРИЛ СО АВТОМОБИЛ И ИЗБЕГАЛ: 12 И 13-годишно девојче завршија со тешки телесни повреди – управувале електричен тротинет на ул.„Васил Ѓорѓов“ appeared first on Радио Лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа