Иако меморандумот на Турција со Велика Британија за купување 40 борбени авиони „Јурофајтер Тајфун“ (Eurofighter Typhoon) не претставува директна закана за израелската воздушна надмоќ, сепак предизвикува главоболки, изјави израелски функционер за весникот „Џерусалем Пост“.
Договорот е значаен чекор во континуираните напори на Анкара да ја модернизира својата армија. Турција сакаше да купи од најмодерните американски борбени авиони Ф-35 но е одбиена од САД, поради купувањето руски системи за противвоздушна одбрана С-400.
Јуришниот авион „Јурофајтер Тајфун“ е развиен заеднички од Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија и се смета за еден од најнапредните борбени авиони на четвртата и повисока генерација. Неговото вклучување во военото воздухопловство ќе го покрие отсуството на Ф-35 и значително ќе ја зголеми воздушната моќ на Турција.
„Ова не е закана што ги менува правилата на игра за нашите воздушни сили. Тајфун е способен, но не и супериорен авион во споредба со нашите борбени авиони, но сепак е јасен и загрижувачки сигнал дека Турција го забрзува насобирањето вооружување, на начин што на крајот би можел да ја загрози израелската воена предност во регионот“, вели израелскиот функционер.
Авионот „Јурофајтер Тајфун“ од „генерација 4,5“ се многу маневарски еластични, опремени со напредни радарски системи и способниф за повеќе намени, вклучувајќи тука воздушна надмоќ и напади на копно. Иако не може да парираат на израелските Ф-35, нивното вклучување во борбената флота значително би ја подобрило турската оперативна флексибилност и регионалното одвраќање.
Инаку, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан завчера порача дека по неколку дена борби и крвопролевања на југот на Сирија, Турција директно ќе интервенира за да спречи какви било обиди за фрагментирање на Сирија, односно дека ќе ги спречи милитантите што се обидуваат да добијат автономија.
Војската е подготвена: Турција најави директна интервенција во Сирија
The post „Главоболка“ во Израел по договорот со кој Турција ќе купува 40 борбени авиони „Јурофајтер“ appeared first on Локално.