Почеток Црна ХроникаГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО КИЧЕВСКО: Две малолетнички ги загубија животите откако со четирицикл излетале од локален пат

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО КИЧЕВСКО: Две малолетнички ги загубија животите откако со четирицикл излетале од локален пат

Лидер мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Две малолетнички ги загубија животите откако со четирицикл излетале од локален пат во кичевско.

Од МВР информираат дека вчера попладне било пријавено дека на локален пат во село Колибари, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

The post ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО КИЧЕВСКО: Две малолетнички ги загубија животите откако со четирицикл излетале од локален пат appeared first on Радио Лидер.

Можно е и ова да ти се допаѓа