Почеток МАКЕДОНИЈАГолем пожар попладнево беснее во отпад за автомобили во Куманово

Голем пожар попладнево беснее во отпад за автомобили во Куманово

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Голем пожар попладнево беснее во отпад за автомобили во Куманово, на улицата „Индустриска“ информираат надлежните од територијалната противпожарна единица во градот. На пожарот попладнево, интервенирале три противпожарни возила.

– Во моментов, пожарот е ставен под контрола. На терен сме две екипи, со две противпожарни возила. Пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. Горат каросерии од стари автомобили и во околината сува трева, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив насекаде од повисоко од градот. На истата локација имаше пожар на 23-ти јуни годинава, тогаш го гасеа пет противпожарни возила, а кумановци се жалеа на неподносливата миризба.

The post Голем пожар попладнево беснее во отпад за автомобили во Куманово appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа