Почеток БАЛКАН Голем протест во Нови Сад: Бараат оставки и кривична одговорност за несреќата која однесе во смрт 14 луѓе

Голем протест во Нови Сад: Бараат оставки и кривична одговорност за несреќата која однесе во смрт 14 луѓе

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Голем граѓански протест и вечерва се одржува во Нови Сад, Србија поради несреќата која се случи на 1 ноември, кога натстрешница на Железничката станица се урна и загинаа 14 луѓе. 

Организаторите бараат сите оние кои се директно и индиректно виновни за трагедијата што се случи на 1 ноември, да дадат оставка, но исто така и да бидат кривично одговорни. Голем број граѓани од цела Србија и Белград заминаа во Нови Сад.

Според новинарите на N1, неколку џипови и камиони влегле во дворот на Градското собрание.

Министерот за градежништво во Владата на Србија, Горан Весиќ утрово и официјално поднесе оставка, која ја соопшти на синоќешната прес-конференција.Меѓу загинатите е и македонскиот научник Васко Саздовски. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro