104
Припадници на Секторот за борба против организиран криминал на грчката полиција уапсиле државјанин на Бразил на меѓународниот аеродром во Атина. Според грчките медиуми, мажот се обидел да пренесе околу еден килограм кокаин, спакуван во 100 мали пакувања што претходно ги проголтал.
Секое пакување тежело околу 11 грама, а дрогата, според истите извори, имала чистота од 90 отсто.
Осомничениот во Атина пристигнал со авион од Париз, по што бил приведен од полициските служби.
The post ГОЛТНАЛ 100 ПАКУВАЊА СО ЧИСТ КОКАИН: Бразилец уапсен на аеродромот во Атина со еден килограм кокаин во стомакот! appeared first on Радио Лидер.
