Голем пожар избувна во бродоградилиштето за изградба на нуклеарни подморници во англиската област Камбрија.
Скај њуз пренесува дека на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од пламен и чад што извира над бродоградилиштето во градот Бароу-ин-Фернес.
#UPDATE: Two people taken to hospital after fire at nuclear submarine shipyard in Cumbria, northern england 🏴 https://t.co/Wr2LEnaHMl pic.twitter.com/knwWZVcGt6
— Breaking news 24/7 (@Breaking7Newss) October 30, 2024
Се наведува дека две лица се хоспитализирани, но полицијата во Камбрија соопшти дека нема жртви во пожарот што избувна синоќа околу половина час по полноќ.
Полицијата соопшти дека истрагата за инцидентот е во тек и дека луѓето се евакуирани од бродоградилиштето, како и дека нема нуклеарна опасност.
Сепак, полицијата ги советуваше луѓето што живеат во близина на бродоградилиштето „да останат внатре додека спасувачките тимови се справуваат со инцидентот и да ги држат затворени вратите и прозорците“.