Почеток МАКЕДОНИЈАГори отпад од стари автомобили во Куманово

Гори отпад од стари автомобили во Куманово

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нов пожар попладнево на улицата Индустриска“ во Куманово, на локацијата каде има отпад на стари автомобили.

Од територијалната противпожарна единица Куманово информираат дека огнот зафати каросерии и сува трева, но ситуацијата е под контрола.

Во моментов, пожарот е локализиран и наскоро целосно ќе биде изгаснат. На терен сме две екипи со две противпожарни возила“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарот е видлив од повисоките делови на Куманово, а граѓаните повторно изразуваат загриженост поради густиот чад и непријатниот мирис.

На истата локација пред еден месец веќе избувна сличен пожар, тогаш интервенираа пет противпожарни возила.

Надлежните апелираат за внимателност.

Текстот Гори отпад од стари автомобили во Куманово е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа