Почеток КУЛТУРАСценаГо родила на 17 години, почина мајката на Џеф Безос

Го родила на 17 години, почина мајката на Џеф Безос

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Основачот на американската компанија „Амазон“, Џеф Безос се соочува со загубата на својата мајка, Џеки Безос, која почина вчера, на 78-годишна возраст, по борба со деменција. Во објава на Инстаграм, покрај фотографија од мајка сѝ, 61-годишниот милијардер се осврна на својот родител со кого има разлика од само 17 години, објави ДПА.

„Тоа не може да биде лесно, но таа се справи со сè. Таа се зафати со желбата ревносно да ме сака, па го донесе мојот неверојатен татко во ‘тимот’ неколку години подоцна, а потоа ги додаде и мојата сестра и брат на нејзиниот список на луѓе што ги сака, чува и негува“, напиша Безос.

Мултимилијардерот рече дека починала „опкружена со толку многу од нас кои ја сакаа“ – нејзините деца, внуци и неговиот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

„Ја чувам безбедно во моето срце засекогаш“, подлече тој.

Сочувства пристигнуваат од бројни познати личности: Антонио Бандерас, Шерон Стоун, Наоми Кемпбел, Миранда Кер… Лорен Санчез, поранешната новинарка која се омажи за Безос на ѕвездена свеченост во Венеција во јуни, напиша: „Ќе ни недостига многу“.

Фондацијата на семејството Безос во соопштението наведува дека на Џеки Безос ѝ била дијагностицирана Леви-телесна деменција, во 2020 година. Таа била претседателка на Фондацијата, којашто доделува образовни стипендии.

Можно е и ова да ти се допаѓа