Градоначалникот на општина Крива Паланка – Сашко Митовски со објава на Фејсбук му се заблагодари на неговиот колега, градоначалникот на општина Ќустендил – Огњан Атанасов за несебичната помош од Бугарија во гасењето на пожарите што го зафатија реонот на Крива Паланка.
„Во најтешките мигови – се познава вистинскиот пријател. Од срце му благодарам на мојот колега и пријател, градоначалникот на град Ќустендил – Р. Бугарија за искрената поддршка, навремената помош и неговото лично присуство во борбата со огнената стихија која ја загрози Крива Паланка. Овој момент, оваа фотографија – сведочи за солидарноста што нема граници. Благодариме Ќустендил – како едно да сме во она најважното: човечноста“ пишува Митовски на ФБ.
Текстот Градоначалникот на Крива Паланка со колегата од Ќустендил: Во најтешките мигови се познава вистинскиот пријател е превземен од А1он.