Почеток МАКЕДОНИЈА Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов соопшти дека Општината ќе го напушти ЗЕЛС, здружението на единици на локална самоуправа. Тој најавидеке декеска во текот на денот ќе испрати допис до ЗЕЛС во кој ќе информира за ваквата одлука.

– Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи, напиша Костадинов во објаватана социјалите мрежи.

Синоќа, по објавата на Костадинов и градоачалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во гостување на подкаст рече дека се приклучува кон ваквата одлука за напуштање на ЗЕЛС.

– Нека си прават таму партиска забава, рече Јакимовски.

Текстот Градоначалникот на Струмица најави дека општината го напушта ЗЕЛС е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro