Почеток СВЕТ Граѓаните на Уругвај избираат претседател, потпретседател и членови на Парламентот

Граѓаните на Уругвај избираат претседател, потпретседател и членови на Парламентот

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Уругвај денеска се одржуваат општи избори на кои граѓаните ќе избираат нов претседател, потпретседател и членови на Парламентот, а анкетите покажуваат дека најверојатно ќе бидат избрани нови лидери по вториот круг.

Доколку ниту еден претседателски кандидат не добие повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 24 ноември.

Како што се наведува, главните теми на предизборната кампања на уругвајските политички партии беа пензиите и криминалот.

Анкетите покажуваат дека во трката за претседател води кандидатот на левиот центар на Широкиот фронт Џаманду Орси, додека на второ место е кандидатот на владејачката конзервативна коалиција Алваро Делгадо.

Избирачките места се отворени во 7:30 часот по локално време, а резултатите се очекуваат по 21:30 часот, исто така по локално време.

The post Граѓаните на Уругвај избираат претседател, потпретседател и членови на Парламентот appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro