Собраните производи од акцијата ќе им бидат доделени на социјално загрозените семејства. Овој пат, акцијата е во поширок обем од претходните години, а во нејзиното организирање учествуваат повеќе невладини организации меѓу кои: здружението „Љубезност“, „Адра Македонија“, хуманитарната организација „Свети Спас“ и „Умиление“ од Виница. – Се надеваме дека ќе собереме доволно производи за да доделиме што поголем број пакети на социјално загрозените семејства, изјави отец Оливер. Тој нагласи дека во нивната програма за помош имаат околу 240 семејства и плус секојдневно доделуваат по 205 топли оброци во Скопје за оние кои не можат да си го дозволат тоа
Под слоганот „Нахрани 10.000“, по повод Меѓународниот ден на борба против гладот и Меѓународниот ден против сиромаштијата, вчера и денеска беше организирана голема акција за собирање на кондиторски производи, вклучително и зимница.
Производите можеа да ги донираат граѓаните, но и општествено одговорни компании на штандови поставени во поголемите маркети. Собраните производи ќе им бидат доделени на социјално загрозените семејства. Овој пат, акцијата е во поширок обем од претходните години, а во нејзиното организирање учествуваат повеќе невладини организации меѓу кои: здружението „Љубезност“, „Адра Македонија“, хуманитарната организација „Свети Спас“ и „Умиление“ од Виница.
Активноста во Скопје се реализираше во маркетите: „Тинекс“ на булевар „Борис Трајковски“, „Веро Центар“, „Веро 2“- Тафталиџе, и „Тинекс“ кај Драмски театар, во периодот од 12 до 20 часот, но се спроведуваше и во другите градови во државата: Штип, Пробиштип, Кочани, Виница, Злетово, Берово и Македонска Каменица.
Отец Оливер од хуманитарната организација „Свети Спас“ изјави дека биле на два пункта во ТЦ „Веро Џамбо“ и „Веро“ во Аеродром и тоа од 12 до 19:30 часот.
– Оваа акција ја спроведуваме по повод Меѓународниот ден на борба против гладот и Меѓународниот ден против сиромаштијата и затоа се одвива токму овие два дена. Се надеваме дека ќе собере доволно производи за да доделиме што поголем број пакети на социјално загрозените семејства – изјави отец Оливер.
Тој нагласи дека во нивната програма за помош имаат околу 240 семејства и плус секојдневно доделуваат по 205 топли оброци во Скопје за оние кои што не можат да си го дозволат тоа.
(А.П.)