5
Екипата на ГРК Охрид дојде до втората победа на турнирот „Крсте Андоновски“ во градот крај езерото. Домаќинот на настанот го победи српски Партизан со 30-25 во дербито за првото место во групата и само формалности го делат од пласманот во финалето.
Анте Иванковиќ за ГРК Охрид постигна осум гола, го следеше Дарко Ѓукиќ со шест, додека голманот Градимир Чаневски запиша 11 одбрани. Кај Партизан, Иванов имаше пет гола, Анѓелковиќ и Шијан по четири, додека голманот Никола Зориќ забележа 13 одбрани.
ГРК Охрид до крајот на групната фаза ќе игра со хрватски Нексе, додека Партизан го чека меч со Киндил Торшавн од Фарски Острови.