Почеток СВЕТ Грузиската опозиција оди на улични протести, не ги прифати изборните резултати

Грузиската опозиција оди на улични протести, не ги прифати изборните резултати

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Грузиската опозициска партија „Коалиција за промени“, откако синоќа Централната  изборна комисија прогласи победа на владејачката партија „Грузиски сон“, соопшти дека не ги признава изборните резултати и најави дека од денеска ќе одржува улични протести.

И опозициската партија „Единство-Национално движење“ соопшти дека не ги признава резултатите, а еден од нејзините лидери, Горгиј Вашадзе, изјави дека опозицијата победила на изборите.

Централната изборна комисија синоќа соопшти дека владејачката грузиска партија „Грузиски сон“ на парламентарните избори освоила 53 отсто од гласовите, врз основа на преброените гласови, 70 отсто од избирачките места.

Владејачката партија „Грузиски сон“ се залага за подобри односи со Руската Федерација, додека четирите најголеми опозициски партии се проевропски ориентирани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro