Почеток БАЛКАНГрчки политичар од срцев удар почина на плажа на Халкидики

Грчки политичар од срцев удар почина на плажа на Халкидики

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Апостолос Везиропулос, поранешен заменик-министер за финансии на Грција и актуелен генерален секретар на пратеничката група на Нова демократија, почина ненадејно на 59-годишна возраст откако доживеа срцев удар на плажа на Халкидики.

Како што објавија грчките медиуми, Везиропулос доживеал срцев удар во саботата, и иако брзата помош пристигнала брзо и го пренела во Здравствениот центар Агиос Николаос“, лекарите не можеле да го спасат.

Везиропулос беше долгогодишен пратеник од Иматија, а од април оваа година е генерален секретар на пратеничката група на Нова демократија.

Претходно, тој беше претседател на Постојаниот комитет за економски прашања на Парламентот, а од 2019 до 2023 година беше заменик-министер за финансии, задолжен за даночна политика и јавни средства во владата на Киријакос Мицотакис.

Текстот Грчки политичар од срцев удар почина на плажа на Халкидики е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа