Почеток СВЕТ Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека доколку Израел почне да спроведува нови закони за прекин на врските со Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), ќе мора да ги задоволи потребите на бегалците според меѓународното право.

Во писмото испратено до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, до кое дојде агенцијата АП, Гутереш наведува дека нема алтернатива за агенцијата УНРВА.

Тој во писмото посочи дека УНРВА била спас за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа и дека новиот закон на Израел „ќе има катастрофални последици за палестинските бегалци“ во Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Текстот Гутереш: Ако Израел ги прекине врските со УНРВА, ќе мора сам да ги задоволи потребите на бегалците е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro