Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Гутереш остро го осуди денешното лансирање балистичка ракета од Северна Кореја

Гутереш остро го осуди денешното лансирање балистичка ракета од Северна Кореја

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш остро го осудува севернокорејското лансирање на балистичка ракета со долг дострел, што е јасно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

„Генералниот секретар сè уште е загрижен за ситуацијата на Корејскиот Полуостров. Дипломатскиот ангажман останува единствениот пат кон одржлив мир и целосна и проверлива денуклеаризација на Корејскиот Полуостров“, се вели во изјавата на Дижарик.

Северна Кореја денеска потврди дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета, а на лансирањето присуствувал и лидерот на таа земја Ким Џонг Ун, пренесоа севернокорејските медиуми, пренесува Танјуг.

Тој рече дека тестирањето на оваа ракета е предупредување за непријателите на Северна Кореја, пишува КЦНА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro