Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИ Дали би ја носеле?, брендот „Москино“ продава чанта во форма на целер за повеќе од 4.000 долари

Дали би ја носеле?, брендот „Москино“ продава чанта во форма на целер за повеќе од 4.000 долари

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Брендот „Москино“ продава необична чанта во форма на целер за повеќе од 4.000 долари. Набрзо стана предмет на бројни коментари на корисниците на социјалните мрежи. На веб-страницата се наведува дека листовите и гранките се направени од жица за клиентите да можат да ги приспособат по желба. Очекувано следеа реакции за овој необичен моден додаток.

„Ја разбирам желбата на некои луѓе да се истакнат, но ова е навистина претерување“, „Не разбирам зошто некој би платил толку пари за чанта“, „Што нема да измислат“, се некои од нив.

Иако „Баленсијага“ е познат како бренд кој во својата палета има многу необични модни додатоци, се чини дека на „Москино“ му е силна конкуренција.

Покрај оваа необична чанта во форма на целер, тие продаваат и чанти во форма на багет за повеќе од илјада долари, хартиени кеси за повеќе од 500 долари итн.

The post Дали би ја носеле?, брендот „Москино“ продава чанта во форма на целер за повеќе од 4.000 долари appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro