Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, нема да игра на Мастерсот во Париз, последниот турнир во серијата 1000 оваа сезона. Тој претходно најави дека ќе го пропушти турнирот кој го освои седум пати – повеќе од кој било во историјата.
На социјалните мрежи се појави фотографија од Србинот со навивачка – и тоа на Малдиви, а јасно е како моментално го поминува времето најдобриот српски тенисер.
Новак моментално е шести на АТП листата со 3.910 бодови и ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за да го задржи местото и пласманот на Завршниот Мастерс. Иако, како што стојат работите, и да остане меѓу осумте најдобри, прашање е дали Новак ќе игра во Торино.
. @DjokerNole in Maldives #vacation ☀️#Djokovic #Maldives #NoleFam
: @djokovicfamily IG pic.twitter.com/wHqafZYz6X— Milica Milutinovic (@MilicaM84932667) October 26, 2024