4
Шкендија го совлада бугарски Лудогорец со 2:1 во првиот меч од плеј-офот за пласман во групната фаза од Лига Европа. Иако губеше со 0:1, тетовскиот тим успеа да направи пресврт и да дојде до победата. Лимани и Ибраими беа стрелци на головите, а вистинско ремек дело беше првиот кога Лимани од слободен удар постигна еврогол.