Почеток МАКЕДОНИЈА Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Институтот за јавно здравје извести дека направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО, а кај вработените не е пронајдне вирусот на птичји грип.

Согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми.Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип, информираа од ИЈЗ Скопје, се вели во ивестувањето.

Текстот Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro