Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во одделни сообраќајни несреќи кои се случиле во понеделникот во Велес и Охрид.
Првата несреќа се случила околу 17:25 часот во Велес, на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Борис Трајковски“, кога патничко возило „мерцедес“, управувано од 60-годишен возач од Велес, удрило во мопед „томос“ со кој управувал 80-годишен мотоциклист, исто така од Велес. Тој се здобил со тешки повреди и е пренесен во Општата болница Велес.
Втората несреќа се случила нешто пред полноќ, во 23:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид. Судриле патничко возило „пежо“, управувано од 32-годишен маж од охридското село Куратица, и мопед „дерби“ со кој управувал 22-годишен охриѓанец. Мотоциклистот е префрлен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ со тешки повреди.
Во двата случаи, по наредба на јавен обвинител, бил извршен увид.
Текстот Двајца мотоциклисти тешко повредени во сообраќајни незгоди во Велес и во Охрид е превземен од МАКФАКС.