Два бронзени медали и една пофалница освои тимот од Македонија на 55. Меѓународна олимпијада по физика (IPhO 2025) што се одржа од 17 до 25 јули во Париз. Искра Нечаковска, трета година во СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола и
Андреј Стојановски, четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје освоија бронзени медали, во конкуренција на 406 учесници од 86 држави. Пофалница доби Дамјан Стојанов, четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје.
Успешно се претставија и Михаил Шапчески и Матеа Митревска, IV година, и двајцата ученици во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје.
Водачи на тимот беа: проф. д-р Ламбе Барандовски, редовен професор на ПМФ во Скопје и претседател на ДФРМ, и
Војо Митревски, магистрант на Институтот за физика при ПМФ и поранешен олимпиец.
-Посебна благодарност до Институтот за физика и Природно-математичкиот факултет – Скопје, кои како и секоја година ги отстапија своите простории, како и на сите кои одвоија дел од слободното време и работеа на подготовките на тимот.
Следната 56. Меѓународна олимпијада по физика ќе се одржи од 4 до 12 јули 2026 година во Букараманга, Колумбија – велат од Друштвото на физичарите на Македонија.
The post Два бронзени медали за Македонија на 55. Меѓународна олимпијада по физика во Париз first appeared on УМНО.МК.