Почеток СПОРТДвете македонски репрезентации поразени од Словенија

Двете македонски репрезентации поразени од Словенија

sportplus.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Двете одбојкарски македонски репрезентации претрпеа порази во второто коло на ЕМОФ во Скопје.

Во натпреварите од втората коло ни двете македонски селекции играа против соодветните репрезентации на Словенија.

И на двата меча Словенците се покажаа како далеку подобри противници. Ја совладаа машката репрезентација со 3:0 во сетови, а со истиот резултат и девојките беа подобри од нашите одбојкарки.

Во машка конкуренција, Франција и Словенија од нашата А група, веќе си обезбедија пласман во полуфиналето. Утре младите македонски одбојкари ќе играат против Белгија во меч за избегнување на последното место во групата.

Кај девојките, Македонија со два порази е четврта, последна на табелата. Утре македонските одбојкарки ќе играат против репрезентацијата на Турција која пак ќе се бори за полуфиналето.

The post Двете македонски репрезентации поразени од Словенија appeared first on Sport Plus Macedonia.

Можно е и ова да ти се допаѓа