Почеток СПОРТДве години суспензија за грчки АЕК оти не сакаше да го игра реваншот со македонски Алкалоид

Две години суспензија за грчки АЕК оти не сакаше да го игра реваншот со македонски Алкалоид

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Грчкиот ракометен клуб АЕК доби две годишна суспензија за настап во меѓународни купови од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), бидејќи не сакаше да го игра реваншот натпреварот со македонски Алкалоид од финалето на Европскиот куп во Скопје.

АЕК е казнет и парично со 20.000 евра.

Нашиот клуб пак е казнет со 5.000 евра, бидејќи “не му ја обезбедил на АЕК бараната бројка влезници за гостински навивачи“.

Алкалоид победи на првиот натпревар од финалето во Атина, Грција со 29-25, а мечот во Скопје го доби службено со 10:0 и го освои Европскиот куп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е РК Алкалоид: Како стигна до освојување на Европскиот куп

Мукаетов: Со визија и млади таленти РК Алкалоид од салата во Автокоманда стигна до врвот на Европскиот куп

РК Алкалоид: Ова не е само победа, ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

Фото: РК Алкалоид/Фејсбук

The post Две години суспензија за грчки АЕК оти не сакаше да го игра реваншот со македонски Алкалоид appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа