Синоќа околу 18 во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во село Колибари, Кичевско, 15-годишна малолетничка од истото село, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско.
И МВР излезе со официјално соопштение:
„На 21. 08.2025 во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево“.
The post Две малолетнички починале откако четирициклот со кој се возеле излетал од пат во Кичевско appeared first on Локално.