Почеток КУЛТУРАСцена Девет години помлада – Кијану Ривс повторно е мета на критики поради неговата животна сопатничка

Девет години помлада – Кијану Ривс повторно е мета на критики поради неговата животна сопатничка

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

По шпекулациите за наводно раскинување, Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант неодамна повторно покажале дека нивната врска е посилна од било кога.
Двојката е видена во Лондон, каде уживале во романтична прошетка, а потоа заедно вечерале во еден од популарните ресторани.
Во текот на целото излегување тие се држеле за рака, потврдувајќи дека се посреќни од било кога и уште еднаш разувериле многумина кои се надевале на раскинување, иако во последно време биле мета на негативни коментари.

Кијану Ривс, познатиот холивудски актер, често се соочува со критики поради разликата во годините и неговиот избор на партнерка. Многумина коментирале дека избраничката е девет години помлада од него, како и нејзиниот изглед, изразувајќи сомнеж дека „не е доволно убава“ за некој како Ривс.

Сепак, и’ покрај сите негативни коментари, изгледа дека и двајцата ја нашле среќата во оваа врска. Кијану Ривс е познат по тоа што беше многу воздржан во неговите претходни врски, а неговата врска со Александра Грант сугерира дека нашол некој кој вистински го разбира и поддржува.

Фото: Принтскрин/Instagram

The post Девет години помлада – Кијану Ривс повторно е мета на критики поради неговата животна сопатничка appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro