Почеток БАЛКАН Девојчиња повредени во несреќата на железничката станица во Нови Сад починаа во болница

Девојчиња повредени во несреќата на железничката станица во Нови Сад починаа во болница

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера беа повредени на железничката станица во Нови Сад, како што пренесуваат српските медиуми, им подлегнале на повредите.

„И двете починаа, ги нема“, изјавил за српски „Курир“ – Бранко Матиќ, дедо на девојчињата.

Ова семејство вчера доби страшна вест кога им соопштија дека починал дедото на девојчињата од Нови Сад, со кого го чекале возот.

Од тој момент сите во солзи чекаа пред Ургентниот центар во Нови Сад, чекајќи вести за Сара и Тина.

За потсетување, вчера околу пладне се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

Во моментот кога падна настрешницата, голем број луѓе седеа на клупите долу и го чекаа времето за поаѓање до нивната дестинација

Бројот на починати се искачи на 14.

Текстот Девојчиња повредени во несреќата на железничката станица во Нови Сад починаа во болница е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro