4
Поради дефект на водоводна цевка, дел од корисниците на Кеј 13-ти Ноември, од хотел „Холидеј ин“ до Камениот мост, ќе останат без вода од 13:00 часот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека траат работните активности за отстранување на дефектот. Од јавното претпријатие апелираат до граѓаните за трпение и разбирање додека трае интервенцијата.
Текстот Дел од Кеј 13-ти Ноември останува без водоснабдување е превземен од МАКФАКС.