НБА кошарка доби ново, неочекувано поглавје. Демијан Лилард, иконата на Портланд Трејлблејзерс, објави дека се враќа во клубот каде што помина 11 незаборавни сезони и стана еден од најдобрите играчи во историјата на франшизата.
Лилард ја соопшти големата вест на својот профил на X (Твитер), предизвикувајќи еуфорија кај навивачите кои никогаш не го преболеа неговото заминување.
Според инсајдерот Шамс Чаранија, Лилард и Портланд финализираат тригодишен договор вреден 42 милиони долари. Она што е најзначајно е што договорот вклучува и целосна клаузула за забрана на трејд, со што Лилард станува само втор активен играч во целата НБА, покрај Леброн Џејмс, кој има ваква заштита.