Почеток БАЛКАН Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Нови Сад, во тек е протестот организиран од опозицијата во врска со смртта на 14 лица при уривање на настрешницата на железничката станица во тој град, со барање да бидат казнети сите виновници за несреќата и премиерот на Србија и градоначалникот на Нови Сад поднесоа оставки.

Протестот започна со едноминутно молчење за жртвите од несреќата, а потоа насобраните беа повикани да маршираат во колона кон центарот на градот и Градското собрание.

Следуваше неразбирлив потег, демонстрантите донесоа трактор со цистерна полн со фекалии, кој го истурија врз Градското собрание, а потоа следеше кршење на стаклата на зградата.

Набргу потоа демонстрантите се обидоа да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.

Текстот Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro