Свети Кирил, епископот на Гортин на Крит, беше истакнат архиереј и богослов, кој живеел и служел во време на големи гонења против христијаните, веројатно во III или IV век.
Како архиереј на Критскиот град Гортин, тој ја проповедал вистинската Христова вера, ги поучувал луѓето во добродетел, ги крепел христијаните во страданија, и со голема ревност ја чувал Црквата од ереси и заблуди. Бил мудар пастир, строг кон себе, а милостив кон народот.
Поради својата неуморна ревност и христијанска дејност, бил подложен на мачења од страна на римските власти кои се спротивставувале на христијанството. Не се откажал од верата во Христа, туку со храброст ги издржал мачењата и го завршил својот живот како маченик – затоа Црквата го чествува како свештеномаченик.
Неговата вера, тивка сила и пастирска мудрост останале пример за сите духовни пастири и верници.
Тропар
Боговдахновен учителу на Христијаните, пастиру Христов кој синовите на темнината во синови на светлината незалезна ги приведе, мачениче Христов кој со оган се закити, тебе на кого Спасителот даде власт да врзуваш и разрешуваш, денес чест и молитви ти принесуваме, за спасение на нашите души.
The post Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит appeared first on ekran.