Денес, 24.07, младата Месечина влегува во знакот на Лав – ова ќе создаде силна потреба да излеземе од сенка, да ја преземеме контролата врз сопствениот животи и да се претставиме во вистинско светло пред колегите, пред партнерот, пред луѓето што ќе ги запознаеме.
Оваа нова лунарна фаза, која почнува денес, ја отвора вратата на храброст, самодоверба, љубов, креативност и личен израз.
Астролозите, пак, велат дека ова ќе бидат денови за нов почеток и свежина, а дека ќе влијае најсилно на само 3 хороскопски знаци.
А нив ги очекуваат можности што не смеат да ги пропуштат, но и повик за храброст, автентичност и малку лавовска драма.
Дали сте и вие меѓу нив?
Лав
Лавовите ќе бидат во центарот на настаните во следните неколку дена.
Ова е момент за нов почеток, како во реализацијата на личните цели, така и за кревање на самодовербата.
Ќе почувствувате силен нагон да блеснете, да ја изразите вашата автентичност и да започнете со нешто ново, што долго време тлее во вас.
Ова е идеално време и за креативни проекти, љубовни иницијативи и зајакнување на сопствениот идентитет.
Сè што ќе правите од срце ќе има силно влијание и на вас и на околината.
Младата Месечина ве повикува повторно да се поврзете со вашата внатрешна сила.
Овен
Огнот на Лавот совршено се поклопува со огнената природа на Овенот.
Затоа, оваа млада Месечина ќе ви ги отвори вратите кон нови љубовни искуства, хобија и лична инспирација.
Ако се чувствувавте блокирани или безволни, сега ќе дојде до пресврт, експлозија на волја, енергија и желба да почнете нешто ново.
Идеален момент е да започнете романтична врска, да ги покажете вашите емоции или да се вратите на некоја активност што ве правела среќни и ве движела напред во минатото.
Ќе почувствувате зголемена желба да се истакнете и да се борите, но овој пат ќе го направите тоа со повеќе шарм отколку со агресија.
Стрелец
За Стрелците, младата Месечина во Лав отвора простор за визија, слобода и нова инспирација.
Ќе се чувствувате подготвени за да ги реализирате вашите планови кои вклучуваат учење, патување, нови проекти или проширување на вашите хоризонти.
Вашата страст за животот се буди повторно, а внатрешен глас ќе ве поттикне да размислите што навистина ве движи.
Ова е идеално време да зачекорите во непознатото и тоа да го направите со ентузијазам и вера.
Можно е во следните неколку дена да почувствувате и зголемена креативност и желба да ја споделите својата животна филозофија со другите.