Почеток КУЛТУРАСцена Денес роденден прославува нашиот актер, професор на Факултетот за драмски уметности и поранешен директор на Турскиот театар во Скопје Атила Клинче

Денес роденден прославува нашиот актер, професор на Факултетот за драмски уметности и поранешен директор на Турскиот театар во Скопје Атила Клинче

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Атила Клинче е роден во Гостивар на 30 октомври 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1982 година, каде што е примен за доцент по техника на говорот. Специјализирал на државниот универзитет „Хаџет Тепе“ во Анкара, а во март 2011 магистрирал на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со што станал магистер по културологија. Како професор работи на Факултетот за драмски уметности, каде што предава сценски говор.

Работел како глумец во НУ Турски Театар во Скопје и бил директор на истиот од 2003 до 2006 година, кога бил разрешен од функцијата, но повторно бил назначен за директор на Тетарот во октомври 2008 година. 2017 поднесува оставка од функцијата директор на НУ Турски Тетар Скопје.

Има одиграно повеќе од 70 улоги во многу претстави, од кои во повеќето заземал главни улоги.

Филмови:

  • 1982: “Потера” ТВ драма
  • 1991: “Тетовирање” во режија на Столе Попов;
  • 1993: “Бог да ги убие шпионите” во режија на Ацо Алексов;
  • 1994: “Пред дождот” во режија на Милчо Манчевски;
  • 1995: „Феликс“ во режија на Б. Шпајц, во Р. Словенија,
  • 2001: “Прашина”, режија: Милчо Манчевски;
  • 2005: “Крчма на патот кон Европа” режија Младен Крстевски;
  • 2006: “Пусто турско“ режија Коле Ангеловски.
  • 2020: “Горчлива цреша” режија Сердар Акар.

Серии:

  • Таткото на турското семејство мало, во режија на Е. Френкел, Р. Јазадиски, Џ. Маркс и Р. Абази, 1999-2004;
  • “Наше маало” 2002;
  • “Заведени” 2002;
  • Министер за надворешни работи во мега турската серија „Збогум Румелија“, режија С. Акар-продукција АДАМ ФИЛМ-Р. Турција, 2007-2009;
  • Адвокат во турската серија „Балканска свадба“, режија С. Акар-продукција АДАМ ФИЛМ-Р. Турција, 2009; – 4 епизоди;
  • Мартин во турската серија „Минатото лето на Балканот“, Р. Турција, 2012.
  • Турска серија “Големото прогонство во Кавкасија”, р. Турција, 2015-2016.
  • Турска серија “Турски приказни”, р. Владимир Митревски, 2021.
  • “Преспав”, р. Игор Иванов-Изи, р. Македонија, 2021.
  • Турска серија “Балканска приспивна песна”, р. Сердар Акар, р. Турција, 2022-2023.

Награди:

  • 1982 година наградата – „Млад глумец“ – на Театарскиот Фестивал Војдан Чернодрински
  • 2005 година за најдобро глумечко остварување на Театарскиот Фестивалот „Војдан Чернодрински“
  • 1982 година ја добив „Млад Борец„ за најдобар глумец
  • 2004 година Најдобар странски глумец во Призрен Р. Косово
  • 2003 година Глумец на годината прогласен од Турските медиуми.
  • 2016 година, награда „11 Октомври“
  • 2024 година, награда за најдобар глумец на 9-тиот меѓународен театарски фестивал во “Анадолија” Турција.

Стручна дејност:

  • Од 1980 како стипендист на Турската драма и како студент настапував во претставите на театарот;
  • Од 2005 година избран од страна на Собранието на Р. македонија за Член на Советот на Ј.П. МРТВ;
    11.04.2011 повторно избран за Член на Советот на Ј.П. МРТВ;
  • Од 20.11.2014 со одлука број 09/02-2014 на Основачкиот совет на Меѓународниот Универзитет Визион член на Советот

Среќен роденден Атила ти посакува редакцијата на Екран.

The post Денес роденден прославува нашиот актер, професор на Факултетот за драмски уметности и поранешен директор на Турскиот театар во Скопје Атила Клинче appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro