Роберт Алаѓозовски е роден на 27 октомври 1973 година во Струмица. Магистрирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје (на тема „Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза“. Автор е на: зборникот уметнички и неуметнички текстови „Флорилегиј“ (во издание на Блесок); преку 150 рецензии, критики, есеи, прилози и дузина студии од областа на филмот, литературата, театарот и од интердисциплинарни теми, објавени во повеќе весници и списанија; неколку преводи на текстови и книги.
За својата работа и залагање ги има добиено следниве признанија: награда на поетскиот фестивал „Поткозјачки средби“, Куманово (1994); откупна и втора награда на Конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, (1996 и 1997 година). Застапен е во антологијата на краток расказ на Катица Ќулавкова „Царски Рез“.
Во периодот од 1 јуни 2017 до 4 јуни 2018 година бил Министер за култура на Република Македонија.
Среќен роденден Роберт ти посакува редакцијата на Екран.
The post Денес роденден прославува нашиот есеист, раскажувач, критичар и преведувач Роберт Алаѓозовски appeared first on ekran.