Дејан Лилиќ е роден на 26 октомври 1974 година во Скопје. Во 1997 година дипломирал на Факултетот за Драмски уметности – Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а од 1998 година работи како глумец во Драмски театар Скопје. Има остварено голем број главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и во проекти од други театарски иснтитуции и продукциски куќи. Покрај глумата, вклучен е и во општествениот живот како водител на разни јавни настани. Од 2007 до 2010 година е Уметнички директор на Драмскиот театар Скопје. Од 2010 до 2015 година е директор на Македонскиот народен театар.
Театрографија: Ојдип тиранинот (Ојдипус Тиранос, 1997); Кристофер Махон (Заводникот од западниот свет, 1997); Бил (Тхе ловер, 1998); Креонт (Антигона во Техноленд, 1998); Иван Соловјов или Славеј (Земјомерот, 2000): Стефан (Диво месо, 2000); Шереф (Ферхад и Ширин, 2000); Жан Дестив (Јованка Орлеанска, 2000); Непознатиот (Кандид во земјата на чудата, 2000); Иван Соловјов – Соловеј (Земјомерот, 2000); Алексндар Македонски (Macedoan-Одисеја 2001, 2001); Војдан (Тетовирани души, 2001); Царот (Како се станува цар, 2003); Човекот со палка и Лени (Марисол, 2004); Михајло (Лет во место, 2005); Падрајк (Поручникот од Инишмор, 2005); Иљо (Демонот од Дебар Маало, 2006); Мичо (Комшилук наопаку, 2007); Томас Мор (Кинегонда во Карлаленд, 2009); Александар (Александар, 2009); Хамлет (Хамлет, 2010); Леоне (Генетика на кучињата, 2012).
Филмографија: Џипси меџик (1996); Освета (1998); Боли ли? (2006); Американецот (2006); Скопје ремикс (2010); Измена (2012) и многу други.
Добитник е на голем број награди и признанија:
- 2012, Награда за најдобра споредна машка улога „Димче Трајковски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
- 2011, Награда „Љубомир Муца Драшкиќ“ за најдобар глумец на вечерта на меѓународниот театарски фестивал „Муцијеви дани“, Театар „Атеље 212“, Белград, Србија, за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
- 2011, Златна награда за најдобро глумечко остварување за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“ р. Дејан Пројковски, на биеналниот Меѓународен театарски фестивал „Глумбал“ во Ниш
- 2011, Награда за најдобра машка улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Хамлет во претставата „Хамлет“
- 2010 Награда за најдобар глумец за претставата „Хамлет“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“, 2010
- 2010 Награда „Златна маска“ во Светот на успехот – Препознаени и признаени од граѓаните на Р Македонија
- 2010 Награда „Златна Бубамара на популарноста“
- 2009 Награда за најдобар глумец за претставата „Александар“ на меѓународниот Фестивал за античка драма „Стоби“,
- 2006 Награда „Ристо Шишков“ на Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица за улогата на Помалиот брат во претставата „Превртувач“ од Ненад Вујадиновиќ, во режија на Јовица Павиќ
- 2004 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
- 2004 Награда за најдобро глумечко остварување на 39-от МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп за улогата на Човекот со палка и Лени во претставата „Марисол“ од Хосе Ривера, во режија на Владимир Милчин
- 2001 Награда за најдобро глумечко остварување на 36-от МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп за улогата на Стево во претставата „Диво месо“ и улогата во претставата „Кандид во земјата на чудата“
- 2001 Награда „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Александар Македонски во претставата „Мацедоине- Одисеја 2001“ која ја доделува весникот „Вечер“
- 2000 Златна Бубамара на популарноста за најпопуларен глумец во годината
- 1998 Награда за најдобра епизодна улога во претставата „The lover“ од списанието „Екран“
- 1997 Прогласен за млад глумец на годината според списанието „Екран“
Среќен роденден Дејан ти посакува редакцијата на Екран.
The post Денес роденден прославува нашиот познат актер Дејан Лилиќ appeared first on ekran.