Почеток Ден на жалост во Србија и тридневна жалост во Нови Сад по загинувањето на 14 лица

Ден на жалост во Србија и тридневна жалост во Нови Сад по загинувањето на 14 лица

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Денеска е прогласен Ден на жалост во Србија, поради загинувањето на 14 лица врз кои се урна кровната конструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Меѓу загинатите е и еден македонски државјанин, идентификуван како Васко Саздовски – возраста не е позната, јавуваат српските медиуми.

Бетонската конструкција на станицата се урна вчера пред пладне, усмртувајќи 14 лица и тешко повредувајќи уште тројца.

Одлуката за прогласување Ден на жалост во цела Србија ја потпиша премиерот Милош Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, прогласи тридневна жалост во градот.

Текстот Ден на жалост во Србија и тридневна жалост во Нови Сад по загинувањето на 14 лица е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro