Почеток СПОРТФудбал Дербито на врвот заврши без голови, вечерва играат Пелистер – Вардар

Дербито на врвот заврши без голови, вечерва играат Пелистер – Вардар

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Работнички и Шкендија ги поделија бодовите без голови во еден од петте натпревари кои попладнево се одиграа во рамки на 13 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Ремито во дербито на врвот го искористија Силекс и Гостивар, кои со гостински победи над Брера Струмица и Шкупи, му се приближија на бод на лидерот Работнички.

Гостински триумф забележа и актуелниот шампион Струга над Беса, додека без голови заврши дуелот меѓу Воска и Тиквеш.

Прволигашкото 13 коло ќе биде комплетирано вечерва со дерби натпреварот во Битола меѓу вечните ривали Пелистер и Вардар.

Резултати 13 коло:

Брера – Силекс 0:1

Работнички – Шкендија 0:0

Беса – Струга 1:2

Шкупи – Гостивар 0:1

Воска – Тиквеш 0-0.

Пелистер – Вардар (19 часот).

Табела: Работнички 25, Шкендија 24, Силекс 24, Гостивар 24, Струга 22, Шкупи 16, Брера Струмица 15, Пелистер 13 (-1), Беса 12, Воска 11, Тиквеш 9, Вардар 8.

The post Дербито на врвот заврши без голови, вечерва играат Пелистер – Вардар appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro