Почеток МАКЕДОНИЈАДетали за паднатиот плафон во бањата на шпанската спортистка: Пукнала цевка во скопски хотел со четири ѕвездички

Детали за паднатиот плафон во бањата на шпанската спортистка: Пукнала цевка во скопски хотел со четири ѕвездички

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Нормално дека ги мониторираме сите случки кои што се случуваат. Покрај сите убави има и по некоја неубава. Се работи за пукната цевка во еден познат скопски хотел со четири ѕвездички, изјави претседателот на МОК, Даниел Димевски откако млада спортистка од Шпанија, која престојува во Македонија како дел од Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), сподели видео на ТикТок што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Таа објави снимка од сместувањето каде што е престојувала, на која се гледа како голем дел од плоча од спуштениот плафон во бањата паднал, оставајќи видлива дупка на таванот.

Според Димевски, намокрен бил плафонот и таблата од гипс картон паднала во бањата од хотелската соба.

-Истиот проблем е саниран истиот ден и не претставува тема веќе денеска, рече Димевски на денешната прес-конференција.

Во моментов, илјадници млади спортисти се наоѓаат во земјава по повод EYOF – најголемиот спортски настан од ваков тип што се одржал во Македонија досега, според бројот на учесници.

The post Детали за паднатиот плафон во бањата на шпанската спортистка: Пукнала цевка во скопски хотел со четири ѕвездички appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа