Почеток ЕКОНОМИЈА Дизелот поскапува за половина денар, цената на бензините останува иста

Дизелот поскапува за половина денар, цената на бензините останува иста

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Од вечерва на полноќ цената на Дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар за литар, а на Мазутот М-1 НС за 1,360 денар за килограм.

Со новата одлука бензинот Еуросупер БС 95 и понатаму ќе се продава за 77 денари за литар, бензинот Еуросупер БС 98 за 79 денари за литар, Еуродизелот БС (Д-Е V) за 69 денари за литар, маслото за горење за 69 денари за литар, а Мазутот за 43,933 денари за килограм.

The post Дизелот поскапува за половина денар, цената на бензините останува иста appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro