Јавниот долг до крајот на годината ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но тоа ќе зависи од обврските кои ќе бидат доставени за исплата, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ.
Таа посочи дека Буџетот за 2025 година ќе биде развоен со социјалната компоненета и капитални расходи над 44 милијарди денари. Секако планирани се мерки за преквалификација на примателите на социјална помош, со цел да почнат со работа, а ќе се стави фокус на дигитализација на процесите во Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Минитерката најави поголема активност кај проектите од Коридорите 8 и 10д, раст на платите ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата наведе дека таа треба да биде врзана со продуктивноста.