Почеток МАКЕДОНИЈА Димитриеска потврди: Притисок врз Вишото обвинителство, Советот на јавни обвинители ја прими пријавата

Димитриеска потврди: Притисок врз Вишото обвинителство, Советот на јавни обвинители ја прими пријавата

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, денеска потврди дека Вишото јавно обвинителство Скопје пријавило притисок врз својата работа.

„Известувањето е доставено од вишиот обвинител, а понатамошните дејствија ќе бидат споделени“, изјави таа, додавајќи дека не може да ги открие деталите пред членовите да бидат запознаени.

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ги информираше дека членовите на Советот дека ја проверува работата на сите четири виши обвинителства. Тој ги отфрли обвинувањата на Мустафа Хајрулахи за мешање во предмет и нагласи дека е потребен надзор поради наводи за нестручно работење и притисоци врз вработените.

Контроли ќе бидат извршени и во останатите виши обвинителства до крајот на месецот. Коцевски очекува зголемени напади кон него од лица кои избегнале кривичен прогон.

The post Димитриеска потврди: Притисок врз Вишото обвинителство, Советот на јавни обвинители ја прими пријавата appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro