Почеток МАКЕДОНИЈАДимитров: Од бугарските служби бев наречен „ковид-вирус за бугарските интереси“, има повампирени обиди за напад на Преспанскиот договор

Димитров: Од бугарските служби бев наречен „ковид-вирус за бугарските интереси“, има повампирени обиди за напад на Преспанскиот договор

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Екс-министерот за надворешни работи и претседател на невладината „Солуција“, Никола Димитров ги критикува обидите за напаѓање на Договорот со Грција со кој се реши спорот со нашиот јужен сосед.

-„Оние кои судат не разбираат, oние кои разбираат никогаш нема да судат“- Вилсон Канади. Ова е првата мисла што ми дојде на ум деновиве кога има повампирени обиди да се напаѓа Преспанскиот договор, единствениот меѓународен компромис каде македонскиот идентитет и јазик се признати, објави Димитров, додавајќи дека Договорот со Грција треба да се користи како најсилно оружје во маката со Бугарија.

-Зошто во услови кога имаме директен и брутален напад од соседот, чија официјална политика е дека нашиот јазик е “дијалект” и тоа “сиромашен”, а идентитетот ни е “вештачки”, структури овде скриени зад наводен патриотизам, го плукаат Договорот во којшто другиот сосед става потпис на нашето неприкосновено право на самоопределување, на македонски јазик и народ!? За кого работат овие луѓе? Кому му одговара токму денес да плукаме врз ова дипломатско достигнување? Во чиј интерес е да се сее магла и безобразно да се лаже дека Преспанскиот договор и таканаречениот француски пакет се еднакви? Кој денес има ќар од ваква пропаганда, прашува екс-министерот во својата објава.

Димитров објави и дека неодамна нашол колумна од негов поранешен грчки колега кој бил амбасадор во Македонија.

-Неодамна, средувајќи архиви, најдов колумна од поранешниот грчки амбасадор во Македонија и во САД, Александрос Маљас објавена во Катимерини, каде уште пред да почнат преговорите, тој повикува да се внимава на мене, како човек со кој тешко се излегува на крај. Цитирам: “Никола Димитров е најуспешниот дипломат што го имаат соседите. Тој, како амбасадор на САД го иницираше прознавањето на Македонија под уставното име и го убеди Буш. Тој е човекот, кој со многу знаење и соработка ја обезбеди дипломатската победа на БЈРМ против нас во Хаг. Признавањето на уставното име од страна на САД доведе до драстична промена и ги отежна условите за преговарање на Грција, додека одлуката од Судот во Хаг ја поткопа довербата на Грците во институциите“. Во екот на битката со Бугарија пак, додека тука моите колеги во владата калкулираа и се плашеа да го бранат македонскиот интерес, јас немав дилема каква политика треба да се води. И работев на германскиот и на португалскиот предлог, кои билатералните прашања ги држеа строго вон ЕУ процесот. Затоа, од бугарските служби бев наречен “ковид вирус за бугарските интереси“, потенцира Димитров.

-Јас сум професионален дипломат од мои 23 години, а со битките за одбрана на македонската самобитност, државност, меѓународно признавање и евроатлантски интеграции се занимавам цели 29 години, години во кои моето име е вклучено во сите можни победи и успеси што земјава ги имала на надворешно-политички план! Моето образование е јавно достапен податок. Моите останати кариерни достигнувања исто. Тоа што не е јавно се сите задкулисни тепачки и со надворешни противници, ама и со структури дома и тоа низ сите партии. Сиот труд, сите состаноци, убедувања, тактики. Сиот непрегор! Избирањето на Македонија секогаш, и тогаш кога понудите за надвор биле сон за многумина. Едноставно – одбивањето да се кренат раце! Оти, има да нѐ биде и точка!

Затоа, мене, значи мене денеска некој да ми зборува за патриотизам, па за Македонија, па за лековерност … па како да ви кажам – каде ви е огледалото!? Пред кое прво искрено ќе се запрашате – кој сум јас и што јас направив за мојата татковина? Која битка јас ја добив на светска сцена? Таму каде што ни е мегданот. Што јас навистина трајно создадов, стои во објавата на социјалните мрежи на екс-министерот, барајќи да се покаже „барем малку македонштина“.

The post Димитров: Од бугарските служби бев наречен „ковид-вирус за бугарските интереси“, има повампирени обиди за напад на Преспанскиот договор appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа